Метео: Дождливо и студено со температури од -1 до 10 степени

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Денеска во земјата ќе преовладува облачно време со повремен слаб дожд во утринските часови. На повисоките места и на планините се очекува слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 степен до 5 степени, а максималната од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен слаб дожд, а на околните планини ќе има слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне до 6 степени.

За вторник синоптичарите најавуваат претежно сончево време со утринска магла по одделни котлини и со ниски утрински температури, а веќе од среда повторно ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот