Металург со три порази последен на турнирот во Русија – Слободен печат
РакометСпорт

Металург со три порази последен на турнирот во Русија

Во последното трето коло „металурзите“ загубија со минимални 27:28 од Стеауа

Екипата на Металург го забележа и третиот пораз на турнирот “Куп на Гувернерот“. Овој пат Металург загуби од риманската Стеауа со минимални 27:28.

За разлика од двата убедливи порази во првите две колоа од Чеховски Медведи и Мешков Брест, овиј пат тимот од Автокоманда не заслужи пораз, одигра далеку подобро, а на две минути до крајот имаше и предност.

Целиот натпревар помина во рамноправна борба, Металург прв направи обид резултатски да се издвои и по првите 10 минути поведе со 5:2. Сепак, ова водство траеше кратко, Стеауа брзо фати резултатски приклучок, и до крајот на првото полувреме екипите се менуваа во водство, за на полувреме минимална предност да има тимот од Автоканда со 14:13.

Во вториот  дел,  романскиот тим брзо направи предност од три голови (18:15), но и Металург брзо возврати, па средбата повторно мина во фаза на наизменично водство на двете екипи.

Шансата за триумф Металург ја пропушти во 54 минута кога имаше предност од три голови (26:23) и напад, но неколку грешки, избрзани и непрецизни удари, и едно исклучување целосно ја сменија сликата и му дозволија на противникот на крајот да слави со минимални 27:28.

Најпрецизен беше Шилегов со седум постигнати голови, Јагуриновски даде шест, а Стојановиќ и Арсеновски по четити гола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close