Металург со подготовки за домашните натпреварувања и Лига Европа

фото: инстаграм/ркметалург

20 јули е датумот што тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ го одреди за почеток на подготовките за новата ракометна сезона.

Во следната сезона металурзите покрај тоа што ќе бидат дел од домашните натпреварувања, ќе играат и во новоформираната Лига Европа.

Се надевам дека на 20 јули ќе можеме непречено да ги почнеме подготовките за новата сезона. За првите два дена од подготовките се предвидени тестирања и лекарски прегледи, а потоа постепено почнуваме со стандардните тренинзи за физичка и техничко-тактичка подготовка. Во Автокоманда ќе работиме до 30 јули, а потоа до 11 август подготовките ќе ги продолжиме во Маврово – рече тренерот Кастратовиќ.

Претходно тимот од Автокоманда ги промовираше новите засилувања Момир Рниќ, Бранко Канкараш, Никола Потиќ и Златко Хорват.

Воедно беше продолжена соработката со Дупјачанец, Лазаревски, Поповиќ, Шилегов, а тројца млади ракометари се префрлени во првиот тим: Кофилоски, Митиќ и Тодески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот