Металург прв финалист во Купот на Македонија

фото: РК Металург

Екипата на Металург го совлада Бутел со 34:31 (17:15) во првиот полуфинален натпревар од ракометниот Куп на Македонија, кој годинава се игра во салата во Куманово.

Првото полувреме помина во цврста и изедначена игра, „металурзите” на неколку пати успеваа да се одлепат во резултатот (16-11) но бутелчани успеваа да одржат резултатска неизвесност и на полувреме заминаа со само два гола негатива.

Црвен картон во првиот дел заработи нивниот прв голман Бојан Блажевски, но тоа не ги сопре на почетокот на вториот дел да поведат за првпат во мечот (17:18).

Сепак следеше серија на Металург, кој поведе со 24:19 во 40-тата минута од мечот. Бутел во финишот постојано го бркаше резултатот, дојде и до -2 негатива но до крајот не успеа да направи целосен пресврт.

Најдобар кај победничкиот тим беше Јагуриновски со 11 погодоци, додека Мајиќ кај Бутел постигна 10.

Во второто полуфинале вечерва Вардар излегува против Еурофарм работник.

Финалето е на програмата утре од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот