Металург подобар од Струга за прва радост сезонава

Прва радост за Металург/фото: РК Металург

Ракометарите на Металург конечно ја остварија првата победа во домашниот шампионат откако во петтото коло со 27:22 ја совладаа Струга.

Воведните минути поминаа во рамноправна игра во која и двете екипи имаа свои моменти, се до серијата на Металург од 5:1 со која тимот од Автокоманда поведе со 11:6 и водството не го испушти до крајот на средбата.

Прво име во тимот на Металург беше Озтурк Халил со осум постигнати голови, додека кај Струга, Јанковски постигна шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот