Металург по швајцарски „билет“ за влез во групите на Лига Европа!

Фото: facebook.com/rkmetalurgofficial

На денешниот реванш натпревар во Цирих кој е со почеток од 18.45 часот македонскиот претставник брани два гола предност стекнати од првиот меч одигран во Скопје (26:24).

Играчите, тренерот Зоран Кастратовиќ, стручниот штаб и раководството на Металург пред патувањето за Швајцарија имаа негативни тестови на ковид-19.

Така, без никакви проблеми нашиот клуб може целосно да се фокусира на возвратниот натпревар од второто квалификациско коло на Лига Европа против Криенс за пласман во групната фаза.

– Верувам во мојот тим и знам дека момците можат да одиграат многу подобро отколку што одиграа во првиот натпревар. Свесни бевме дека патникот за Лигата на Европа ќе се решава во Швајцарија. Она што ми пречеше во првиот натпревар е малиот број упатени шутеви од бековските позиции и тоа ќе мора да го промениме за реванш-дуелот.

Верувам во овие момци и се надевам дека овие два гола ќе ги одржат будни, фокусирани и на ниво во реваншот, бидејќи пласманот во групната фаза го издигнува Металург како клуб на европско ниво, а ќе значи и нивна афирмација и презентација како играчи, кои преку мечевите во Лигата на Европа ќе можат на голема сцена да ги демонстрираат своите квалитети и можности – рече тренерот на Металург, Кастратовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот