Металург од Франција ја започнува сезоната во Лигата на Европа

фото: РК Металург

Ракометарите на Металург вечерва (18.45 часот) ги започнуваат настапите во групната фаза од ракометната Лига на Европа. „Металурзите“ вечерва му гостуваат на францускиот Тулуз во рамките на Групата А.

Тимот од Автокоманда со пласманот во групната фаза во новоформината Лига на Европа ја исполни целта, но кога веќе се тука, „металурците“ сакаат да одат чекор повеќе.

– Тулуз има квалитетна и искусна екипа, која на сите позиции е покриена со одлични ракометари, на кои брзата транзиција им е најсилно оружје. Затоа, од првата минута на мечот ќе мораме да влеземе максимално борбено во одбраната и концентрирано во нападот, со единствена цел градење квалитетна и сигурна игра во која техничките грешки ќе бидат сведени на минимум, за да не му се дозволи на противникот да постигнува лесни голови, туку ние да бидеме тие што ќе го диктираат темпото на игра – вели тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ, пред стартот на европската сезона.

Покрај Тулуз и Металург во Групата А од ЛЕ се наоѓаат уште и екипите на Чеховски медведи, Адемар Леон, Висла Плоцк и Фиверс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот