Металург ја заврши европската авантура

фото: рк металург

Екипата на Металург ги заврши настапите во ракометна Европа уште на стартот. „Металурзите“ во реваншот од третото квалификациско коло од ЕХФ-Купот против Горење одиграа 23:23. Првиот натпревар во Словенија заврши со триумф на Горење од 24:19.

Ракометарите на Металург речиси во текот на целиот натпревар имаа предност, но таа беше изразена најчесто со 2-3 гола разлика.

На полувремето, Металург имаше ветувачки 13:10, а идентична разлиока имаше и во финишот (22:19), но ракометарите но немаа сили да направат исчекор и да дојдат до потребните пет голови предност.

Наместо тоа, ракометарите паднаа во последните моменти и ја испуштија и почесната победа. Марио Танкоски со шест постигнати голови беше најпрецизен кај Металург, додека Поповиќ даде еден помалку, а четири гола даде Мариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот