Металург го ангажира Пецаковски

фото: РК Металург

Левиот бек Дејан Пецаковски во новата сезона одново ќе го облече сино-белиот дрес и ќе ги брани боите на Металург.

Иако потекнува од школата на Пелистер, Пецаковски по четврти пат ќе го носи дресот на Металург, откако претходно за нашиот клуб настапувал во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2013-14. Освен за Металург, Пецаковски настапувал и за Пелистер, Вардар ПРО, Зомимак М, Клуб Африкан и за Еурофарм Работник, откаде и дојде повторно во Металург.
Металург и Пецаковски договорија соработка во траење од една година.

Пецаковски е седмото засилување на Металург за претстојната сезона, откако претходно за нас потпишаа и Лука Вујовиќ (пикер), Милан Поповиќ (лево крило Даниел), Равез Чантурија (десно крило), Маријан Мариќ (лев бек), Иракли Кбилашвили (централен бек) и Даниел Ѓоргески (голман).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот