Металург донесе екс српски репрезентативец

Поранешниот српски ракометен репрезентативец, Момир Рниќ, и официјално е нов ракометар на Металург.

Рниќ последните две сезони настапуваше во екипата на Пролетер Зрењанин која минатата година играше во втората српска лига, а денеска со тимот од Автокоманда се договори за едногодишна соработка.

32-годишниот Рниќ кариерата ја започна во Пролетер, а потоа настапуваше и за Велење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Левен каде доживеа тешка повреда.

Екипата на Металург не планира да застане со Рниќ и се најавени 4-5 засилувања со кои во следната сезона ќе бидат сериозен конкурент на Вардар и на Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот