Металург ангажираше црногорски репрезентативец

фото: РК Металург

Поповиќ (29) потекнува од школата на Ловќен од Цетиње, а игра на позиција лево крило.

Поповиќ во Металург доаѓа од редовите на Пелистер, каде одигра една сезона и беше најдобар играч на битолчани со постигнати 174 гола.

Милан Поповиќ со Металург потпиша договор на една година. Пред да се пресели во Пелистер, играше уште за Ловќен и унгарскиот Ваци.

На позицијата лево крило „сино-белите“ го имаат уште словенечкиот интернационалец Тадеј Матијашиќ.

Тимот од Металург и годинава аплицираше да добие „вајлд-кард“ за настап во групите од Лигата на шампионите, но беше одбиено нивното барање.

ЕХФ го промовираше Еурофарм Работник како нов учесник во најелитното европско ракометно клупско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот