„Металците“ бркаат брејк против Рогашка

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје вечерва во 18 ч. ја отвора финалната серија против Приморска во Копер, за пласман во АБА лигата. Серијата се игра кој прв до три добиени натпревари и победникот од втората лига ќе се пресели во најквалитетното  балканско кошаркарско натпреварување.

– Досега одигравме 22 натпревари во регуларниот дел и два полуфинални меча, по што може да бидеме задоволни од пласманот во големото финале, но тоа никако не значи дека со тоа завршуваат нашите амбиции иако играме против квалитетен тим како Приморска. За противникот и не треба нешто посебно да се зборува. Тоа е екстра тим, кој сигурно поседуваат квалитет и за во АБА-лигата. Кого и да прашате од тие што барем малку пратат кошарка ќе ви кажат дека Приморска е фаворити во ова финале. Исто и лани беа фаворити, но на крајот несреќно загубија од Крка. За разлика од минатата сезона, тие сега имаат многу посилен ростер. За нас ова финале е од огромно значење и е шанса за валоризација на сѐ што градевме цела сезона, а тоа е влез во елитното јадранско друштво. Нема да биде нималку лесно, а и не ни треба да биде бидејќи, сепак, ова е финале. Верувам во моите играчи дека и покрај заморот, кој реално е повеќе од присутен, дека ќе го дадат и последниот атом од нивната сила за да стигнеме до зацртаната цел – вечо тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот