„Металците“ се засилија со поранешен младински репрезентативец

фото: МЗТ Скопје Аеродром

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Иван Волкановски (20 год, 209 см) е најново засилување за шампионот МЗТ Скопје.

Тој потпиша тригодишен договор со „металците“ и ќе претставува големо засилување во играта под обрачите бидејќи Волкановски е еден од највисоките македонски кошаркари во моментов. Тој доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.

Волкановски е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот. Тренерот Ѓорѓи Кочов почетокот на подготовките за новата сезона го закажа за 15 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот