„Металците“ ја оправдаа фаворитската улога против Вардар

фото: КК МЗТ Скопје

Откако по нешто повеќе од четири минути на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ стоеше МЗТ Скопје Аеродром 15, Вардар 2, многумина од малкуте присутни гледачи помислија дека „тоа е тоа“.

Бранителот сепак немаше лесна задача против екипата која досега има само еден триумф. Како одминуваа минутите, така „вардарци“ се враќаа назад во мечот. Прво намалија на (11:17), потоа на (16:19), па (19:22), за тој прв дел од играта МЗТ Скопје Аеродром го реши во своја корист (31:22).

Иако нивниот тренер, Ѓорѓи Кочов се обиде правилно да ја подели минутажата и да им даде „активен одмор“ на оние кои се „потрошија“ најмногу во изминатиот период (Стојановски, Маслинко и Хиндс), тоа не се покажа како продуктивно „за сино–белите“. Упорните гостински кошаркари ја топеа негативата, и на полувреме дојдоа до заслужени, подносливи (46:51).

Кога прваците малку притиснаа, пред се во одбраната, полека работите си доаѓаа на своето место. Во второто полувреме му дозволија на противникот да реализира 34.поени, дадоа 46, со што успешно одработија уште една задача на патот кон одбрана на пехарот.

Морнар даде 22. поени, но Дамјан Стојановски беше најпродуктивниот играч на МЗТ Скопје Аеродром. За нецели 20.минути капитенот уфрли 18. поено, еден повеќе од Харис. Радуловиќ финишираше со 14, а Крстевски со 11 поени. Па така во втор план опстана блесокот на Ајуда Невеш кој заврши со 34. реализации, девет скока и две асистенции. Конечниот резултат беше 97:80 против Вардар.

Работнички беше подобар од Кожув со 97:81, за тимот од „Градски парк“ по 17 поени имаа Х. Лесколт (шест скокови) и В. Ефремовски (пет скокови), а за гевгелискиот клуб 27 поени беа дело на Е. Пејн, седум помалку запиша Д. Караџовски.

Во другите средби ФМП Академија со 84:79 славеше над МЗТ Скопје Уни Банка, Куманово после едно продолжение со 86:85 (79:79) триумфираше над Еуро Никел, додека Пелистер со 89:79 го совлада Гостивар.

На табелата МЗТ Скопје води со 16 бодови, пред Кожув (15) и Работнички (15). По 15 имаат уште Гостивар, Еуро Никел и Куманово, потоа Пелистер е на седмата позиција со 13, ФМП Академија (12), Вардар 10, а последен МЗТ Скопје Уни Банка со девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот