18 C
Скопје

„Металците“ го стопија Еуро Никел и го симнаа од второто место

Доколку ги добијат последните два меча, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром може да сметаат дури и на бројот 1 пред стартот на плеј-офот во Првата лига.

Потполн реванш направија играчите на Дарко Радуловиќ во предвелигденското дерби со Еуро Никел 2005 славејќи со резултат 96:81, иако по првата четвртина водеа домаќините по првото полувреме со 48:45.

На денешниот меч во победничките редови доминираше Магдевски со 19 поени, четири помалку запиша Карачиќ. На спротивната страна 18 коша беа дело на Рикиќ (девет скока), а 17 поени забележа Соколов додавајќи шест скока, но и четири загубени топки.

„Металците“ до особено важен триумф на гостувањето во „Јасмин“, освоија два бода со кои се приближија до самиот врв на табелата.

Но, и со разлика која им гарантира место погоре во однос на кавадарчани доколку се земе в предвид дека во СЦ „Јане Сандански“ загубија со помала разлика во однос на овој дуел.

Табела: Пелистер 37 бодови, Еуро Никел 37, Работнички 36, МЗТ Скопје Аеродром 34, Гостивар 33, ТФТ 33, ФМП Академија 33, Кожув 32, Куманово 31, МЗТ Скопје Уни Банка 28, Вардар 25, Црн Дрим 22.

Поврзани вести

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Ливерпул не се откажува од Лигата на шампионите

Слободен печат

Остави Коментар