„Металците“ брзо ја заборавија Подгорица, сета лутина врз ТФТ

Фото: kfsm.mk

Блескава игра на МЗТ Скопје Аеродром за убедлива победа во пресметката со ТФТ (97:78) во денешниот заостанат меч од 15 коло од Првата лига.

Брзо заборавија кошаркарите на МЗТ на прераната елиминација во натпреварите во АБА 2 лигата.

„Металците“ почнаа фуриозно и веќе по првата четвртина имаа „плус 15“ (35:20), за во финишот од вториот период да дојдат и до највисоките „плус 29“ (53:24).

Со тоа беше ставен крај на надежите на противникот за било какво изненадување, како и потврда на 12 победа сезонава за МЗТ во домашниот шампионат. Феми Олуџоби со 18 поени и 12 скока беше најпрецизен во победничкиот тим, додека Бојан Крстевски постгна 14 поени, а Андрија Бојиќ 13 поени и 10 скока.

На спротивната страна за ТФТ 18 поени и осум скока имаше Амир Смит, а 15 поени запиша Тајрон Херис. Се одигра уште еден меч Работнички како гостин славеше кај Црн Дрим со 78:85.

Табела: Пелистер 37 бодови, Еуро Никел 36, Работнички 34, Гостивар 33, ТФТ 43, Кожув 32, Куманово 31, ФМП Академија 31, МЗТ Скопје Аеродром 30, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Вардар 25, Црн Дрим 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот