Мета: Време е албанските граѓани да станат господари на својата земја

Мета посочува дека е време никогаш да не се каже повеќе за проект за изолација и депопулација, бидејќи Албанците сега мора да се вратат во својата земја.

Албанскиот претседател Илир Мета, потсетувајќи на егзодусот на албанските граѓани на 8 август 1991 година, кон Италија, го нарече тоа сведоштво пред целиот свет за „трагедијата и болката на народот што страдал со децении од насилство, угнетување, беда и изолација”.

„На 8 август 1991 година бродот „Валона” со околу 20.000 Албанци на палубата го започна своето патување кон слободата, станувајќи симбол на надеж за нов живот и подобра иднина. Нивното пристигнување на италијанскиот брег беше сведоштво пред целиот свет за трагедијата и болката на народот што страдаше со децении од насилство, угнетување, беда и изолација“, напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека за жал и денес, по три децении од овој настан, масовната депопулација на земјата продолжува.

-За жал, дури и денес, по 29 години од овој настан и овие шокантни слики што вознемируваат во секое време, драматичното темпо на депопулација на Албанија не престанува. Во името на овие извонредни човечки жртвувања, време е да се зацврсти надежта во нашата земја и да се исполни сонот на секој граѓанин за Албанија како цела Европа, напиша Мета.

Мета посочува дека е време никогаш да не се каже повеќе за проект за изолација и депопулација, бидејќи Албанците сега мора да се вратат во својата земја.

-Време е Албанците да се вратат и да станат господари на својата земја и нивната судбина! Време е да се изгради Европа овде! Време е да се каже никогаш повеќе за секој проект за изолирање и депопулација – порача Мета.

Осми август 1991 година, познат како егзодус на Албанците, кога 20.000 албански граѓани насилно влегоа во бродот „Валона” кој превезуваше стока, испловија кон Италија и пристигнаа во пристаништето Бари. Тоа всушност го означи и масовниот егзодус кон Италија, кој пак помасовен беше кон Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот