Мета во обид да ги седне на маса опозицијата и мнозинството, Рама одби средба – Слободен печат
ВестиРегион

Мета во обид да ги седне на маса опозицијата и мнозинството, Рама одби средба

Синоќа, шефот на албанската држава му упати писмо за средба на премиерот Еди Рама

Три дена пред локалните избори во Албанија, претседателот Илир Мета се обидува да ги седне на маса мнозинството и опозицијата. Мета во моментов одржува средба со претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша во своите канцеларии.

Синоќа, шефот на албанската држава му упати писмо за средба и на премиерот Еди Рама, на кого му побара да се сретнат со цел надминување на политичката криза, но тој категорично ја одби поканата на Илир Мета со образложение дека е зафатен со кампањата за изборите од 30 јуни, пренесува Балканвеб.

Мета синоќа и по втор пат упати писмо до Рама објаснувајќи дека ќе го чека албанскиот премиер од 5 часот наутро за да се сретнат. Па така, Мета навистина денеска во пет часот наутро се појави пред своите канцеларии да го чека Рама, но тој сеуште не се појавил.

Политичката криза во Албанија, која последниве денови се повеќе се вжештува, трае веќе неколку недели, односно по поништувањето на изборниот датум од страна на Мета, одлука која не е прифатлива за мнозинството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close