Мета со честитка до Бајден: Албанија ќе продолжи да се потпира на стратешкото партнерство со САД

Илир Мета. / Фото: МИА

 Албанскиот претседател Илир Мета, од свое и од име на албанскиот народ упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и заменик претседателката Камила Харис.

Во својата порака, шефот на албанската држава ја нагласува вербата дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат понатаму и оти заедно ќе ја зајакнуваат трансатлантската и соработка во НАТО.

-Албанија ќе продолжи да се потпира на стратешкото партнерство со САД, како витална гаранција за мирот и стабилноста во нашиот регион и за важните глобални прашања, стои во честитката на Мета.

Изборот на Бајден за 46-ти амеркански претседател, и на Харис за потпретседателка, им го честиташе и шефицата на албанската дипломатија Олта Џачка, генералниот секретар на владејачката Социјалистичка партија и координатор на пратенчката група,Таулант Бала како и лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша. 

Извор.МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот