Мета со апел до Албанците неколку часа пред изборите: Избегнувајте ги провокациите
Албанскиот претседател Илир Мета повторно ги повика граѓаните на Албанија утре да ги почитуваат на граѓански и демократски начин одлуките на сите, додека мнозинството ќе ги одржи сами локалните избори. Преку порака на Фејсбук, Мета ги повикува албанските граѓани да се однесуваат мирно и мудро, како и да се самовоздржуваат.
Според шефот на албанскста држава, од суштинско значење е утре да се сочува социјалниот мир, додавајќи дека сите треба да ги избегнуваат провокациите што можат да водат кон насилство.
-Избегнувајте ги провокациите што можат да ве водат кон насилство, така што политичките разлики да не го загрозат граѓанскиот соживот во секое семејство, населено место, село, во секој град и во целото наше општество – пишува меѓу другото Мета, пренесува БалканВеб.