Мета реагира на ситуацијата во Косово: Двете страни мора да ги надминат тензиите

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во врска со ситуацијата во Јариње и Брњак по одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да воспостави реципроцитет за регистарските таблички со Србија, преку Фејсбук статус реагираше албанскиот претседател Илир Мета.

„Зачувувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Република Косово е клучен фактор за консолидација на мирот, безбедноста, стабилноста и добрососедството во регионот и основа за градење стабилни односи со Србија“ напиша Мета.

Во исто време тој апелира до страните да ги намалат тензиите и да го продолжат дијалогот.

„Во овој дух, двете страни мора да ги надминат тензиите, да го продолжат дијалогот и да се придржуваат кон обврските што произлегуваат од договорите постигнати меѓу двете земји, со посредство на ЕУ и САД,“ додаде Мета.

Реакција на Рама: Косово мора да разговара, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува 

Видео на денот