Мета: Поднесов пријави против членови на „структурирана ќелија и опасна банда“

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Крвични пријави добија Етилда Ѓонај, министерка за правда, Гентијан Дева, генерален секретар во Министерството за правда и Елева Хаџи, директорка на Центарот за службени публикации.

Албанскиот претседател Илир Мета до Специјалното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (СПАК) поднесе кривични пријави против тројца високи функционери на Министерството за правда.

Крвични пријави добија Етилда Ѓонај, министерка за правда, Гентијан Дева, генерален секретар во Министерството за правда и Елева Хаџи, директорка на Центарот за службени публикации.

Врз основа на кривичниот закон, Мета ги товари за злоупотреба на службената должност, фалсификување документи, вршење незаконско влијание врз лица кои вршат јавна функција и присвојување на титула или државна должност, што го правеле во соработка.

Мета вели дека е одлучен да го растури обидот за државен удар, појаснувајќи дека пријави поднесол против „структурираната ќелија и опасна банда“.

– Одбрана на Уставот и интегритетот на Уставниот суд денеска е должност над должностите на секој Албанец, чесен и патриот, а пред се главна должност и мисија на претседателот на Републиката. Никогаш не се случил посериозен настан во историјата на нашата држава од овој мафијашки чин, каде врз основа на официјални докази, се покажува дека е директно вклучена дури и структурирана ќелија на чело на Министерството за правда преку кршење на Уставот – рече меѓу другото Мета.

Уште еднаш тој упати апел за масовно присуство на протестот што го организира на втори март.

– На втори март, сите во Тирана, на плоштадот „Народни херои“, за да стане јасно дека Албанците се со Уставот, а не со претседателот Илир Мета! Дека Албанците веќе нема да толерираат никој да го крши Уставот за кој гласаа на референдумот на 22 ноември 1998 година. Најголема опасност е чумата наречена „Преродба” (се однесува на актуелната влада) – изјави Мета.

На новинарска констатација дека ова е чин без преседан, Мета во возврати:

– Чин без преседан велите вие! Кажете ми: Дали постои Република во светот, во Европа, земја членка на Советот на Европа, земја која има намера да отвори преговори со Европската унија, каде што на мафијашки начин се киднапираат уставни овластувања и власт што Уставот му ги дава на претседателот на државата – одговори Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот