Мета побара преземање на итни мерки за да се спречи евентуална појава на коронавирус во Албанија

Илир Мета. / Фото: МИА

Албанскиот претседател Илир Мета упати побара од надлежните во земјата да преземат итни мерки за да се спречи евентуална појава на новиот коронавирус.

Откако наведува дека ситуацијата е многу потешка низ целиот свет, посебно со состојбата со коронавирусот во Италија, Грција и појавата на болеста во соседните земји, Мета оценува дека под итно е потребно максимално зајакнување на санитарно – епидемиолошките превентивни мерки.

– Потребно е целосно финансирање, далеку поголемо од сегашното. Да биде ставено на располагање за да справување со ситуацијата и да се обезбеди целосна и ефикасна заштита на целиот медицински персонал, мобилизиран за справување со ситуацијата, нпиша Мета на Фејсбук.

Исто така, Мета бара да бидат ангажирани сите човечки научни квалитети, но и на оние со искуство од областа на епидемиологијата и хигиената, дури и оние кои се надвор од активна услуга.

Засега, според Министерството за здравство и социјална заштита во Албанија нема заразен од овој вирус. Тестирани се 59 лица, но сите биле со негативен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот