Мета побара предвремени претседателски и парламентарни избори - Слободен печат

Мета побара предвремени претседателски и парламентарни избори

Албанскиот претседател Илир Мета денеска предложи одржување на предвремени парламентарни и претседателски избори, со цел решавање на политичката криза во Албанија на 13 октомври, за кога беше декретирaн датумот за локалните избори, по поништувањето на 30-ти јуни.

На прес конференција, Мета рече: „На 13 октомври и општи избори и претседателски избори. И јас ќе се кандидирам за претседател со овие овластувања. Еди Рама и Социјалистичкото собрание кои не ме сакаат нека кандидираат кого сакаат. Ова е патот што ја решава оваа ужасна криза на застапеност”.

Мета нагласи дека не побарал од премиерот Рама да си замине од фотелјата, туку се обидел да ја реши кризата бидејќи нема отпочнување преговори без учеството на опозицијата на изборите.

Тој изјави дека предлогот за предвремени избори е негово решение, а ако Рама има друг предлог за решавање на кризата, добредојден е да го објави.

– Не ме интересира кој ќе победи, Баша или Рама, но повеќе не сакам да изгуби Албанија за политички игри и игри на амбасади – рече Мета, пренесува Топ Чанел.

Прочитај повеќе

Најнова месечна прогноза: Заврши зимата во Европа

Слободен печат

Прв случај на заразен од коронавирусот во САД

Слободен Печат

КЛИМАТСКА КРИЗА: Шпанската влада предложи мерки за борба против климатските промени

Слободен печат

Трамп и Фон дер Лајен имале „многу добар разговор“

Слободен печат

Лавров: НАТО започнува опасна игра со прогласување на вселената и кибер просторот за свои оперативни домени

Слободен печат

ВНИМАВАЈТЕ: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Слободен Печат

Остави Коментар

1 × two =

Прочитај повеќе

На скопскиот аеродром ќе се стави во функција термо-камера, се крева нивото на претпазливост од новиот вирус и кај нас

Мими Ш.Петкова

Мустафа му даде рок на Курти до крајот на неделата да се договорат за формирање на влада

Слободен печат

Спасовски: Државниот интерес треба да биде приоритет на сите во Владата

Слободен Печат

Гренел: Авиолинијата Белград – Приштина ќе им помогне на бизнис заедницата и граѓаните

Слободен Печат

КОБНА ВРСКА ВО СРБИЈА: Се разнел себеси и девојката бидејќи сакала да му се врати на бившиот дечко?

Слободен печат

Снимки од дополнителните контроли на аеродромите низ Кина поради коронавирусот

Слободен Печат