Мета побара предвремени претседателски и парламентарни избори

Фото: Принтскрин

Албанскиот претседател Илир Мета денеска предложи одржување на предвремени парламентарни и претседателски избори, со цел решавање на политичката криза во Албанија на 13 октомври, за кога беше декретирaн датумот за локалните избори, по поништувањето на 30-ти јуни.

На прес конференција, Мета рече: „На 13 октомври и општи избори и претседателски избори. И јас ќе се кандидирам за претседател со овие овластувања. Еди Рама и Социјалистичкото собрание кои не ме сакаат нека кандидираат кого сакаат. Ова е патот што ја решава оваа ужасна криза на застапеност”.

Мета нагласи дека не побарал од премиерот Рама да си замине од фотелјата, туку се обидел да ја реши кризата бидејќи нема отпочнување преговори без учеството на опозицијата на изборите.

Тој изјави дека предлогот за предвремени избори е негово решение, а ако Рама има друг предлог за решавање на кризата, добредојден е да го објави.

– Не ме интересира кој ќе победи, Баша или Рама, но повеќе не сакам да изгуби Албанија за политички игри и игри на амбасади – рече Мета, пренесува Топ Чанел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот