Мета побара итна реакција од владата за да се избегне катастрофа во албанската економија и семејствата

Илир Мета. / Фото: МИА

Асоцијацијата на малите и средни бизниси состојбата ја оцени како катастрофална, нагласувајќи дека работните места во овој период на пандемија ги изгубиле 70.000 лица.

Албанскиот претседател Илир Мета попладнево реагираше околу тешката економска состојба, предизвикана од пандемијата со Ковид-19, што условила клуч на врата да стават сопственици на илјадници мали бизниси, што потврдува колку е сериозна состојбата и болни последиците од неа”.

Тој бара од Владата итна реакција за да се „избегне катастрофа во албанската економија и семејства”.

Смета дека под итно треба да бидат сослушани и поддржани барањата на малиот бизнис преку конкретна и ефикасна стратегија, за да се избегне губење на десетици илјади работни места.

-Затворањето на илјадници ќепенци на малите бизниси низ целата земја е најболната слика за екстремно сериозните последици во националната економија од негативните ефекти на пандемијата Ковид-19. Под итно да се слушнат и да се поддржат барањата на малиот бизнис, преку конкретна и ефикасна стратегија, да се избегне губење на десетици илјади работни места, катастрофи во економијата и на секое албанско семејство и да се спречи натамошниот раст на неприфатливото ниво на сиромаштија, стои во реакцијата на Мета.

Претходно Асоцијацијата на малите и средни бизниси состојбата ја оцени како катастрофална, нагласувајќи дека работните места во овој период на пандемија ги изгубиле 70.000 лица.

И гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, рече дека пандемијата со Ковид-19 тешко ја погодила албанската економија, каде како последица целата економска активност претрпела силно забавување. Според него се очекува пад на вработеноста и зголемување на невработеноста како и раст на долговите во текот на целата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот