Мета остварил итна средба со Баша за да ја информира опозицијата за „државниот удар“ на Владата

Деновиве, поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу во неговите совети за решавање на политичката криза во која се наоѓа земјата, повеќе од една година, му порача на Мета, да не зазема страна, туку „да дебатира околу почитувањето и барањата за почитување на Уставот”.

Албанскиот претседател Илир Мета денеска остварил итна средба со Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија, која ја предводи обединетата опозиција.

Како што објави портпаролот на претседателот, Теди Блуши, на средбата која е по барање на Мета, го запознал со загриженоста во врска со измените околу уставните надлежности на претседателот, со кои според Мета владата се обидува да го финализира државниот удар.

„Претседателот Мета го запозна Баша со последните анти-уставни скандали и обидите за државен удар на „Преродбата”(изборното мото на социјалистичката партија од последните парламентарни избори) и побара од него да ги информира и лидерите на другите опозициски партии. Претседателот рече дека ќе стори сé за да го спречи и да го растури државниот удар, давајќи го најсоодветниот одговор што го заслужува” ,напиша Блуши.

И така заладените односи на релација претседател – влада уште повеќе се влошија по одземањето на уставната надлежност на претседателот за наименување судии во Уставниот суд и давањето заклетва пред него на уставните судии.

Деновиве, поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу во неговите совети за решавање на политичката криза во која се наоѓа земјата, повеќе од една година, му порача на Мета, да не зазема страна, туку „да дебатира околу почитувањето и барањата за почитување на Уставот”.

– Претседателот на државата го претставува единството на нацијата а тоа единство не можете да го претставувате, ако заземете страна или учествувате во разни политички дебати. Претседателот одржува уставни дебати, за заштита на уставот и интересите на земјата. Се обидов да дадам пример, што го следам според искуството, изјави Моисиу

Тој беше претседател во периодот 2002 до 2007 година и е прв консензуален албански претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот