Мета: Одливот на мозоци и на млади е голема рана за земјата и мора итно да запре

Фото: Профимедиа

Албанскиот претседател Илир Мета смета дека одливот на мозоци и на младите е голема рана за земјата, што мора итно да се запре со „понуда на надеж, алтернативи за образование и вработување”.

Повикувајќи се на извештајот на Институтот за меѓународни економски студии во Виена, Мета пишува дека појавата на депопулација во Албанија во последните години се влошува, особено со заминувањето на возрасната група од 20-24 години.

– Одливот на мозоци и на младите е голема рана за земјата. Друга престижна институција, Институтот за меѓународни економски студии во Виена, констатира дека појавата на депопулација во Албанија во последните години се влошува, особено со заминувањето на возрасната група од 20-24 години. Во студијата стои дека од 105 илјади граѓани кои ја напуштиле Албанија, 40.700 лица се виско образобани или 40 проценти од вкупниот број, наведува Мета.

Тој апелира дека оваа појава мора да се запре што е можно поскоро, нудејќи повеќе надеж, образование и алтернативи за вработување.

– На нашите млади треба да им се понуди повеќе надеж, алтернативи за образование и вработување а за високо стручните кадри треба да има подеднакви можности, меритократска проценка и работни места, каде ќе ги покажат своите таленти и интелектуален потенцијал, пишува Мета.

Според него на Албанија и треба „добивка на мозок”, а не „одлив на мозок” и оти „сега е време да се прекине депопулацијата на населенито”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот