Мета: Од денеска ќе видите друг, многу официјален претседател

Илир Мета. / Фото: МИА

По неодамнешните дебати и обвинувања на американската амбасадорка во Тирана, за наводен таен договор за пропаѓање на реформата во правосудството, претседателот Илир Мета предупреди дека ќе има поинаков пристап кон средбите со лидерите на политичките партии и меѓународните претставници.

Според него, од денес службената должност ќе ја извршува само со институционални состаноци со кој било политички лидер или меѓународен претставник.

„Ќе видите друг претседател. Ќе имате многу официјален претседател. Отворете во секое време за официјални институционални односи, добро документирани и со сведоци. Со Рама, со Баша, со Сореца и со Ким, со овие четворица институционални односи и состаноци, со сведоци и добро документирани , рече Мета гостувајќи во телевизиска емисија.

Тој меѓу другото се задржа и на едно од најактуелните прашања во земјата,уривањето на Националниот театар, зад што,како што рече „има многу затскриени интереси”.

Додаде дека сето тоа било „од интерес за просрпското и проруското лоби во Вашингтон”,за да предизвикаат дестабилизација во Албанија, а за што нагласи има докази и документи што ќе ги објави во догледно време

-Беше урнат за да се испровоцира опозицијата, да ја дестабилизира ситуацијата, затоа што така е во интерес на некого, просрпското лоби во Вашингтон,кое е заинтересирано да има крвопролевање.

Српското и проруското лоби во Вашингтон се заинтересирани за граѓански судири и дестабилизација во Албанија. Имам многу докази и документи што ќе ги објавам во догледно време. Ќе зборувам во иднина и во вистинско време – рече Мета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот