Мета: Не сакам да се раздели пакетот Албанија – Македонија

Илир Мета гостин во емисијата Клик плус на ТВ 21/Фото: Скриншот

Претседателот на Албанија, Илир Мета во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Тој рече дека двете држави треба да ги зголемат напорите за да се движат заедно по овој пат и да се најде решение со Бугарија и билатералните прашања да не бидат пречка за пристапувањето на некоја држава кон БЕ.

– Не би сакал никогаш да се разделиме бидејќи не само што сме две соседни земји туку сме исклучително заинтересирани Северна Македонија да има прогрес, и доколку се движи побрзо од Албанија, само нека има прогрес и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад. Ова беше мојот став и претходно реков дека последните 2 -3 години Македонија е многу понапред од Албанија, во правец на исполнување на главните задачи од евроинтеграцискиот процес. Досегашното вето од Бугарија е неоправдано бидејќи е неприфатливо билатерално прашање да стане пречка за проширувањето, бидејќи излегува дека секоја држава членка на ЕУ да може да постави вето било кому, нагласи Мета.

Претседателот на Албанија истакна дека наскоро ќе го посети бугарскиот претседател Румен Радев и ќе разговара во врска со тоа што може да се направи за изнаоѓање решение на македонско-бугарскиот спор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот