Мета на средба со министерката Манастирлиу поради влошената состојба со Ковид-19 во Албанија

Поради влошената состојба со пандемјата, Мета вчера на прес конференција рече дека не ја отфрла можноста да го свика Советот за национална безбедност.

Само преку спроведување на мерките и протоколите, преку личен пример, ќе можеме да успееме заедно, дури и во оваа фаза на пандемија, изјави албанскиот претседател Илир Мета на денешната работна средба, на негово барање, со министерката за здравстсво и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, за тековните предизвици на справување со Ковид -19.

Министерката Манастирлиу информирала дека во согласност со подготвената стратегија и предлозите на техничкиот комитет на експерти, преземени се мерки за обезбедување на лична заштитна опрема на здравствените работници, зголемување на капацитетот за тестирање, болничките капацитети и човечки ресурси.

– Во спроведувањето на стратегијата е потребна соработка на граѓаните за да се справивме со ситуацијата предизвикана од Ковид-19. Само преку примена на мерки и протоколи, преку личен пример, ќе можеме да успееме заедно, дури и во оваа фаза на пандемија, изјави министерот Манастирлиу.

Шефот на државата, откако ја увери министерка за својата солидарност и целосна поддршка за здравствените институции, изрази благодарност и прзнание до сите лекари, медицински сестри и другиот персонал, кои се „ангажрани со максимален професионализам и посветеност на првата линија на фронтот”. Го нагласи значењето на подршката на здравствениот сектор со потребниот буџет, како и потребата од зголемување на заштитните мерки за здравствените работници.

Мета посебно ја истакна потребата од зајакнување на тесната соработка со сите соседни земји за преземање мерки за спречување и натамошно ширење на Ковид-19, со цел да се отворат копнените граници што е можно поскоро.

Поради влошената состојба со пандемјата, Мета вчера на прес конференција рече дека не ја отфрла можноста да го свика Советот за национална безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот