Мета му порача на владејачкото мнозинство, доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти Парламентот

 Албанскиот претседател Илир Мета, упати остро предупредување до владејачкото мнозинство кое најави нов закон за шефот на државата со повеќе ограничувања, порачувајќи им дека „доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти парламентот”.

Мнозинството се обиде со Претседателот, изгуби 3:0 и покрај потрошените милијарди. Ова е претседател на народот од 2 март. Не е од Социјалистичкото движење за интеграција (чиј лидер беше Мета пред изборот за шеф на државата) и од опозицијата, туку од народот, од кој има се поголема поддршка. Повторно бараат разрешување, пред 25 април (за кога се закажани парламентарните избори). Тука сум нека се обидат, па ќе видат кој прв ќе биде разрешен, порача Мета алудирајќи на распуштање на парламентот што е негово уставно право.

Според него не постои неуставен закон од еден парламент како актуелниот што го ограничува претседателот да ја исполни својата мисија.

Она што го прави мнозинството е негов сопствен избор. Претседателот знае само да го почитува Уставот и се приспособува и ќе се приспособи на секоја ситуација во одбрана на Уставот. Суштината е слободни избори и политички плурализам. Никој ментално болен или опседнат со незаслужена и украдена власт не треба да мисли дека претседателот може да биде заплашен во исполнувањето на својата мисија, рече Мета на неговата прва средба со новинарите по подолг период.

Тој се задржа и на прашањето за Уставниот суд, кој во земјата не функционира речиси три години, оценувајќи дека оние кои доцнат во овој процес, ќе сносат одговорност. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот