Мета му пиша писмо на Рама на тема ковид-19: Одиме кон катастрофа што треба да се спречи

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанскиот претседател Илир Мета, во писмо до премиерот Еди Рама, до министерката за здравство, Огерта Манастирлиу и првиот параментарец Грамоз Ручи, оценува дека „ситуацијата оди кон катастрофа која треба навремено да се спречи”.

Со влошувањето на така тешката политичка и институционална криза, особено по бруталното и еднострано кршење на Договорот за изборниот законик од 5 јуни постигнат со консензус, се очекува состојба со пандемијата да се влоши до катастрофа што мора да се спречи навреме, наведува Мета.

Тој, исто така, нагласува дека во овој момент е потребно целосно преиспитување на состојбата и преземените мерки.

Со оглед на значителното влошување на состојбата со пандемијата ковид-19, со зголемувањето на бројот на заразени лица и, за жал, со зголемувањето на бројот на граѓани кои ги загубија своите животи, неопходна е целосна проценка на состојбата и преземените мерки во врска со тоа, имајќи го предвид и зимскиот период, како и други отежнувачки фактори, додаде Мета.

Покрај предупредувањето, Мета поставува 11 прашања до премиерот, до Собранието и до Министерството за здравство за состојбата и мерките што се преземаат против ковид-19.

Во Албанија вчера како последица од ковид-19 починаа седум лица што е највисока бројка до сега, додека бројот на новодијагностицирани дневно е во просек околу 300 или 22 отсто од тестираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот