Мета ја пофали Северна Македонија за младинските и економски политики што ги спроведува

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Албанскиот претседател, Илир Мета ја пофали Северна Македонија за младинските и економските политики што ги спроведува, поради кои младите од пограничните албански подрачја веќе со децении својата егзистенција ја наоѓаат токму кај „нашиот сосед и добар пријател”.

– Во однос на младинските политики, треба да се прашаат младите од Поградец зошто треба да одат и по 30 години да работат во Македонија. Не велам да се споредиме со Данска или Германија, но имам едно прашање за сите жители на Поградец, бидејќи сме толку многу блиску до Македонија. Може ли да се споредиме со Македонија? Го поддржуваме ли земјоделството? Не, колку што тоа го прави Македонија. Ниту една седмина од она што го прави Македонија, ниту една петина од Косово, изјави Мета за локалната телевизија во Подградец.

Додаде дека земјоделството и фармерите треба да се поддржуваат и овој сектор да стане активност, која треба да биде не само работа, туку и профитабилна дејност.

Според него, не треба потта на земјоделците да завршува во канали, бидејќи овие луѓе повеќе нема да се занимаваат со земјоделство, доколку производите им завршуваат во канали и на улица.

– Но, ако луѓето се одлучиле да се занимаваат со земјоделство и нема да се занимаваат со туризам, бидејќи и овој сектор не се поддржува како што треба. Па, тогаш со што се занимаваат повеќето семејства? Сите не градат хидроелектрани! И не се сите олигарси? Значи, повеќето семејства во Албанија се занимаваат со земјоделство, и не само во Албанија, туку и во Македонија и насекаде, рече Мета.

Ако не ги поддржувате, додаде, сигурно дека ќе ја имаме оваа ситуација „младите да бегаат во Македонија и да работат, бидејќи тие таму се подобро платени отколку овде”.

– Да спомнам и друг план со Македонија. Проверете го рангирањето на Светска банка во „Work Doing Business” за бизнис климата во една земја. Македонија е толку многу години од 7-то до 15-то, 16-то место на светско ниво, изјави Мета.

Тој посочи дека не само во Поградец и округот Корча, туку во целата земја рак рана е депопулацијата на населението, која е на највисоко ниво во регионот, на која под итно треба да се стави крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот