Мета: Исселувањето на младите е национална катастрофа, стоп за депопулацијата на Албанија

Илир Мета. / Фото: МИА

Преку статус на Фејсбук, албанскиот претседател Илир Мета повторно реагираше во врска исселувањето на албанските граѓани, пред се млади, главно во западно европските земји.

Објавувајќи бројки на баратели на азил од земјите во регионот според кои Албанија е на прво место по баратели на азил, Мета наведува дека ова е аларманта појава па дури и ако продолжи и еден ден.

-Албанија има голем број баратели на азил за периодот јули 2018 година – јули 2020 година,најмногу од земјите во регионот. Барателите на азил од Албанија се околу 18,4 пати побројни од граѓаните на Босна и Херцеговина, 17,4 пати од Црна Гора, 12 пати од Србија, 5,1 пати од Северна Македонија и 3,9 пати побројни од граѓаните на Косово, наведува Мета.

Додава дека ако на 1000 жители денес во Европската унија емигрираат 12 граѓани од Албанија, од Косово тоа е 3,3 лица , од Северна Македонија 2,3 лица, од Србија едно лице, од Црна Гора 0,7 и од Босна Херцеговина 0,6 лица.

-Повеќето од оние кои ја напуштаат земјата се млади. Ова е аларм, зошто да не и национална катастрофа ако продолжи уште еден ден. Стоп за депопулацијата на Албанија, напиша Мета.

Според неодамна публикувани податоци, токму од шефот на државата, Албанија за периодот 2010-2019 година според бројот на баратели на азил е на прво место во Европа и четврта во светот.

Тој тогаш порача дека Албанија заслужува само европска иднина и оти „доста е со погрешен правец на авторитаризам, ароганција, корупција и глупост, што толку многу ги осиромашува и изморува Албанците, принудувајќи ги да ја напуштат својата земја”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот