Мета: Иднината на Косово и Србија е во Европската унија

Фото: Принтскрин

На деновиве одржана средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на неговиот престој во Тирана,

Албанскиот претседател Илир Мета, кој во континунитет го подржува дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави дека иднината на двете земји е во Еропската унија.

-Иднината на Косово и на Србија мора да биде во Европската унија. Ова е јасно искажана цел од двете земји, изјави Мета на денешната прес конфернција.

Во врска со прашањето за промена на територии, Мета рече дека оваа идеја не служи за зајакнување на темелите на Обединета Европа.

-Без сомнение, во Европската унија секоја идеја за промена на границите е идеја која не служи за зајакнување на темелите на обединета Европа и многу е важно да се работи на примена на стандардите на ЕУ во двете земји. Воопшто не може да има трајно, мирно или европско решение, имајќи ги предвид не само границите, туку и граѓаните. Решението не е ни помалку Срби на Косово, ниту помалку Албанци во Србија, рече Мета.

Посочи дека решението е сите граѓани, како во Косово, така и во Србија, да ги уживаат сите права, без оглед на етничката припадност и додаде дека „ова е единственото трајно, мирно решение”.

На деновиве одржана средба со косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на неговиот престој во Тирана,

Мета рече дека Албанија го подржува дијалогот Косово – Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји и во тие рамки „се добредојдени напорите на САД и ЕУ”. Нагласи дека е многу битно сите политички сили во Косово да се обединат за сеопфатна платформа во овој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот