Мета го поздрави договорот меѓу СДСМ и ДУИ: Да научиме од нив за да се вратиме на вистинскиот пат

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада и упати силна порака до политичарите во неговата земја дека треба да се огледаат на соседот и да се вратат на вистинскиот пат.

-По демократските и конкурентни избори, нашиот сосед движи со заслужени сигурни чекори кон започнување преговори со Европската Унија. Треба да научиме од нив и да се вратиме на вистинскиот пат што е можно поскоро, започнувајќи со почитување на Договорот од петти јуни(за изборните реформи) и исполнување на сите други услови,напиша Мета на Фејсбук, постирајќи ги албанското и македонското знаме.

Додава дека постигнатиот договор е уште еден позитивен чекор во зајакнувањето на демократските институции и напредок на реформите во македонската држава.

Мета исто така оценува дека зголемувањето на застапеноста на албанскиот фактор во владата, вклучително и можноста за албански премиер во иднина, е потврда за европеизација и витализирање за зајакнување на соживотот.

Претходно постигнатиот договор за формирање Влада во Северна Македонија го поздравија и премиерот Еди Рама, министерот за Европа и надворешни работи Гент Цакај, како и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот