Мета го обвинува Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Фото: Профимедиа

Албанскиот претседател Илир Мета, откако не ги потпиша и му врати три закони на премиерот Еди Рама, го обвини дека две години го попречувал функционирањето на новите правосудни институции и Уставниот суд.

Шефот на државата обвинува дека премиерот ги уценувал членовите на Советот за наименувања во правосудството со процесот на проверка на пoтеклото на имотот на судиите и обвинителите, наречен ветинг, и ги дезинформирал поранешниот американски Доналд Лу и ексамбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Ромина Влахутин, кои биле директно вклучени во процесот.

Мета зборувал и на причините зошто Рама ја нападнал првата институција на праводусната реформа.

-Ја нападна бидејќи членовите на КЕД во 2017 година не реагираа на интересите и вкусовите на премиерот. Тој изврши притисок да поднесат оставка или ќе ги разреши повеќето членови на КЕД, како што вети и јавно се закани. Во меѓувреме, празнењето на Уставниот суд беше проектирано и почна да го спроведува – обвинува Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот