Мета: ЕБОР предупреди дека Албанија е во длабока економска криза

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Мета бара да се работи на искористување на расположивите потенција за зголемување на производството на електрична енергија, зголемување на вредноста на минералните и природните ресурси преку нивна обработка

Најновите предупредувања на ЕБОР и другите меѓународни институции за падот на економијата во Албанија, за шефот на државата Илир Мета не се само што се загрижувачки за кус период, туку укажуваат на длабоката структурна криза на економија во земјата.

Во реакцијата тој апелира да се разгледа економскиот модел за да се надмине на оваа криза.

„Треба сериозно да се работи за поддршка на актуелните економски активности, но и да се размислува за надминување на структурната криза со разгледување на економскиот модел. Тој треба да се заснова на диверзификација на економијата за да се намали ризикот од кризи и да се обезбеди одржлив економски развој, стои во реакцијата на претседателот Мета.

Бара да се работи на искористување на расположивите потенција за зголемување на производството на електрична енергија, зголемување на вредноста на минералните и природните ресурси преку нивна обработка, зголемување на индустриското производство и за неколкупати зголемување на земјоделското и агроиндустриското производство.

„Проширувањето на пристанишните капацитети, транспортната мрежа и преносот на електрична енергија е друга потенцијална можност за да ја искористиме нашата регионална географска предност, оценува Мета.

Претходно гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко предупреди дека, поради пандемијата со Ковид-19, најсилен удар домашната економија ќе претрпи во вториот квартал од годинава,помал пад ќе се забележи и во третиот и четвртиот квартал, а закрепнување може да се очекува дури следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот