Мета дециден: Изборите од 30 јуни ќе бидат имагинарни

Фото: Профимедиа

Албанскиот претседател Илир Мета, реагираше во врска со одлуката на Изборниот колегиум за декретот за поништување на изборите.

На прес-конференцијата што ја одржа рано изутринава, шефот на албанската држава тврдеше дека декретот беше инициран од писмата што му ги испратил премиерот Еди Рама на лидерот на Демократската партија, и имаше за цел да и се стави крај на политичката криза, пренесува „Визион Плус“.

Тој ја обвини Социјалистичката партија дека не го спроведува декретот на претседателот, нагласувајќи дека изборите на 30 јуни ќе бидат имагинарни.

Мета истакна дека Изборниот колегиум немало надлежност да го преиспита декретот. Тој рече дека Колегиумот преку својата одлука ја оправда незаконитоста на Социјалистичката партија во Централната изборна комисија.

Според Мета, одлуката на Изборниот колегиум е пропаганден напор и го обвини мнозинството за притисок врз членовите.

Вчера Изборениот колегиум преку одлука за неотпишување на една политичка партија од изборниот лист, го потврди 30 јуни како датум кога ќе се одржат локалните избори во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот