Мета: Да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, но не со промена на границите - Слободен печат

Мета: Да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, но не со промена на границите

Додаде дека во светот има мнозински и малцински народи, но единственото решение е демократскиот начин на решавање на работите, јави дописничката на МИА.

Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија. Решението никогаш не е да се сменат границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство, изјави албанскиот претседател Илир Мета на свеченоста одржана во косовската амбасада во Тирана по повод 12-годишнината од независноста на Косово.

Додаде дека во светот има мнозински и малцински народи, но единственото решение е демократскиот начин на решавање на работите, јави дописничката на МИА.

-На Балканот, секој народ и секоја нација е мнозинство во една и малцинство во друга држава. И решението никогаш не може да биде со промена на границите, туку да се почитуваат европските стандарди на секое малцинство во секоја земја. Тоа е причина што Албанија го направила и го прави за да покаже целосна одговорност за почитувањето на сите малцинства. По овој важен настан, имаме уште еден многу важен настан, а тоа е празникот на Србија каде треба да присуствуваме, рече Мета.

Прочитајте и...  Димитров: Потребна е одлука за отворање на пристапните преговори без одлагање

При тоа кажа дека имал чест да го запознае Зоран Ѓинѓиќ, проевропски, визионерски демократ.

– И покрај историјата и предрасудите, имав среќа да запознам еден голем водач на Србија, проевропски, визионерски демократ, Зоран Ѓинѓиќ, кој за жал повеќе не е меѓу живите. Убеден сум дека сонот на граѓаните на Србија за европска земја е сè уште жив. И никогаш не треба да се водиме од предрасуди во односите со Србија за иднината, рече тој.

Додаде дека независно Косово покажало дека е фактор на стабилност.

– Никогаш нема да има одржливо решение со размислување за решение со помалку Албанци во Србија и со помалку Срби на Косово. Единствено решение е соживот и почитување на европските стандарди за малцинствата, рече Мета.

Прочитајте и...  Димовски: На СДСМ му требаше овој закон за амнестија за сè што сторија минативе години

На Балканот од моето 30-годишно искуство, додаде Мета, велам дека нема лош и добар народ, но има мудра и визионерска, убиствена и деструктивна политика и оти тоа важи за сите земји и за сите народи.

-Мора да го направиме нашиот регион посилен, посигурен и попривлечен, во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора. Време е да се реши проблемот меѓу Косово и Србија, како што беше решено меѓу Северна Македонија и Грција. Во срцето на договорот и нормализацијата меѓу Косово и Србија треба да биде взаемно признавање меѓу двете земји. Ова би направило огромно ослободување на позитивните енергии низ целиот регион, порача Мета.

За младите да не го напуштаат регионот, Мета рече дека е неопходен нов дух на соработка и разбирање и решавање на историските проблеми за да не бидат нивни заложници.

Прочитајте и...  Николовски: Одиме на фер и демократски предвремени парламентарни избори

Прочитај повеќе

Столтенберг: Европската унија не може сама, без НАТО, да ја брани Европа

Слободен печат

Николовски: Одиме на фер и демократски предвремени парламентарни избори

Слободен печат

Запленети 100 килограми кокаин во Данска, уапсени 27 лица

Слободен печат

ДИК го усвои Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори

Слободен печат

Спасовски: Со Република Србија заеднички сме посветени на унапредување на регионалната соработка

Слободен печат

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

деветнаесет + осум =

Прочитај повеќе

Димовски: На СДСМ му требаше овој закон за амнестија за сè што сторија минативе години

Слободен печат

Пленковиќ: Повторно е ставено на дневен ред проширувањето на ЕУ

Слободен печат

Мишел: Ќе ја потврдиме европската перспектива на регионот

Слободен печат

Дирк Јан Коп: Гледаме простор Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, тоа не е случај со Албанија

Слободен печат

Рот: Донесен Законот за ЈО, сега е ред на ЕУ да испорача

Слободен печат

Митрески: Законот за Советoт на ЈО не спаѓа во група закони што се носат со двојно мнозинство

Слободен печат