Мета: Да им ја вратиме Албанија на Албанците или денес или никогаш

На Меѓународниот ден на демократијата, шефот на албанската држава Илир Мета им се обрати на граѓаните со порака, потсетувајќи дека во темелите на демократијата е гласањето, правото на секој граѓанин да избира и да биде избран, политички плурализам.

Мета изразува загриженост поради тоа што принципите и вредностите кои се столб и срце на демократскиот свет, во неговата земја воопшто не се почитуваат.

Опишувајќи ја состојбата во која се наоѓа земјата, тој вели дека денес Албанија е последна во регионот пред вратата на ЕУ и оти за тоа никој не одговара,туку напротив има уште поголемо продлаболување на беззаконието.

-Опасната појава на паралелна држава на пропаганда и јавно приватно партнерство и подземни агенди кои ја фатија за врат Албанија, не се ништо друго освен заговор против демократијата, секоја нејзина вредност и начело, против суверенитетот на сите граѓани, кои сакаат вистинска европска и западна демократија, пишува Мета во пораката објавена на Фејсбук заедно со фотографија од декемвриските студентски движења во ’90 години.

Денес, посочува Мета, имаме заедничка историска мисија: Да ја спасиме демократијата од заложништво на едно неодговорно и нелегитимно малцинство.

-Времето не чека! Ова е нашата битка! На слободните, чесни и вредни луѓе на нашата прекрасна младост! И на сите нас кои ја сакаме Албанија со нашите срца и души! И јас сум порешителен од кога било! За демократска Албанија, како цела Европа! Бидејќи за слободата, демократијата и човечкото достоинство не се преговара,порача Мета.

Шефот на државата изјавува дека заштитата на демократијата денес е патриотска задача да ја врати довербата на секој граѓанин и на секоја млада личност дека најдобрата иднина е само овде и за тоа е потребно да се промени придонесот на сите.

Според него одбраната на демократијата денеска е патриотска должност со цел „да се врати вербата на секој граѓанин, секој млад човек, дека најдобрата иднина е единствено тука и оти тоа бара продонес од секого без ислучок”.

-Заминувањето од земјата не е решение, туку будењето и промената! Заминувањето ги интересира оние што сакаат да ја испразнат Албанија од Албанците, така што тие со време планираа бавно убивање на демократијата и владеењето на правото. Да ја вратиме Албанија на Албанците и единствено ним!Или сега или никогаш!Затоа што нашата младина надвор може да најде се што и недостасува денес тука, но тие никогаш нема да најдат татковина,стои во пораката на Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот