Мета бара Албанците да се вратат во татковината: Време е орлите да се вратат во своето гнездо

Илир Мета. / Фото: МИА

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по студијата на „Економист” во која се предвидува песимистичка варијанта дека Албанија во 2100 година може да има само 860.000 жители.

– Не може да има поголема тага! Место благословено од Бога со извонредна убавина и природно богатство што го немаат многу земји во светот, сè повеќе се напушта, напиша Мета.

Тој потенцира дека брзината на стареење во земјата е исто така застрашувачка.

– Албанија се празни и старее со длабоко драматично темпо, како ниедна друга земја во Европа. Стапката на стареење е исто така застрашувачка: просечната возраст оваа година е 37,2 години, но по 10 години се предвидува да се искачи на 42,1 година, напиша тој.

Додава дека иако владите на среднорочен рок може да имаат корист од емиграцијата затоа што фиктивно го намалува нивото на невработеност или ги зголемува приходите од дознаки, во перспектива „доколку агресивно не се пристапи во решавање на овој феномен, би имало катастрофални последици особено за земја како што е Албанија”.

– Сега е време да се врати надежта и самодовербата дека во Албанија има сонце за сите, а не само за некои. Време е орлите да се вратат во своето гнездо, ја завршува објавата Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот