Мета: Албанија нема да се меша во дијалогот Косово-Србија

Фото: Принтскрин

Албанија не може да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина, смета албанскиот Претседател Илир Мета, затоа што на тој начин би ја кршела независноста на Косовската држава.

Мета истакнува дека Албанија межу првите ја прфизнала независноста на Косово и неговите институции, но дека дијалогот со Србија е тема на косовските институции.

Во интервју за косовската РТВ 21 Илир Мета рекол дека дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се заврши на најдобар можен начин за двете земји но и за целиот регион, затоа што како што вели тоа е од клучно прашање кое може да ги забрза или успори сите процеси на европеизација, ја пренесува изјавата Телеграф цитирајќи го Косово онлајн.

„Албанија не може да биде дел од дијалогот меѓу Косово и Србија затоа што секоја интервенција на Албанија во тој дијалог или во одредени теми од дијалогот практично претставува кршење на независноста и легитимитетот“, рекол Мета.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот