Мета: Албанија го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина

Илир Мета
Албанскиот претседател Илир Мета/ Фото EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Албанскиот претседател Илир Мета денеска се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и му порача дека Тирана целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Време е да се постигне договор за меѓусебно признавање – рече Мета, пренесува „Балкан веб“.

Тој исто така рече дека на средбата била истакната важноста на Берлинскиот процес, како и на сите други иницијативи кои можат да придонесат за регионалната и европската интеграција на регионот.

Видео на денот