Мета: Албанија е демократска земја чија светост се човековите права

Претседателот Мета, иранскиот ракатен напад врз двете американски бази, го нарече „провокација со опасни последици за стабилноста во регионот”.

Албанија не е ѓаволска, туку демократска земја, која страдаше од невидена ѓаволска диктатура, па затоа човековите права за неа се светост.

На овој начин албанскиот претседател Илир Мета ја искоментира изјавата на иранскиот духовен водач Али Хамнеи, кој Албанија ја прогласи за непријател, додавајќи дека таа е како „ѓаволска земја која ги подржува нивните противници”.

Mета порача дека за две децении, Албанија останува цврсто посветена да ги поддржува Соединетите амеркански држави и земјите од НАТО во борбата против меѓународниот тероризам и каков било чин што ја загрозува стабилноста и мирот во светот.

Претседателот Мета, иранскиот ракатен напад врз двете американски бази, го нарече „провокација со опасни последици за стабилноста во регионот”.

– Ракетите испукани од Иран кон две ирачки воени бази, во кои се сместени американски воени сили и персонал на коалицијата, се провокативен потег со опасни последици за регионот и нејзината стабилност. Иран мора да ги почитува меѓународните договори, меѓународните закони и неговите обврски во интерес на мирот – смета албанскиот претседател Илир Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот