Мета: Ако добиеме датум на 18 октомври ќе го одликувам Рама

Фото: Профимедиа
Албанскиот претседател Илир Мета на прес конференција одржана доцна попладнево задржувајќи се на 18 октомври, како значаен датум за Албанија на патот кон ЕУ рече дека доколку се добие позитивен одговор подготвен е да го одликува премиерот Еди Рама.
– Ќе го одликувам Еди Рама само да добиеме датум за отпочнување преговори со ЕУ на 18 октомври. Церемонијата е готова за одликувањето, без разлика дали тој  ќе дојде или не. За господинот Баша (Љуљзим Баша лидер на опозициската демократска партија) нема одликување бидејќи ги напушти институциите. Нема одликување ни за Моника (Моника Круемади, лидерка на Социјалистичкото движење за интеграција и сопруга на Мета) бидејќи му даде беса(заклетва) на Баша, рече Мета.
Тој искажа почит кон Венецијанската комисија која испрати делегација да прибере информации за тоа дали го прекршил уставот или не, што од неа го побара албанскиот парламент, што е поврзано со барањето на 55 пратеници за негово разрешување.
Но, категорично посочи дека не се плаши какво и да е мислењето на комисијата и оти на функцијата останува до крај на мандатот.
– Сакам да повторам уште еднаш дека ќе работиме заедно до 24 јули 2022 година. Нема никаква можност, никаква шанса Претседтелот Илир Мета да замине од оваа канцеларија пред 22 јули 2022 година. Се заколна да го брани уставниот поредок, демократијата и европската иднина на Албанија во интерес на албанскиот народ, посочи Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот