Местото ти е во ЗАТВОР, му се втурна во лице Гркинка на ЦИПРАС (ВИДЕО)

Гркинка во текот на авионскиот лет видела дека со неа патува поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас па ја искористила можноста да му каже што мисли за него и неговото владеење, пренесе Greekcitytimes.

Додек тој мирно седел на седиштето, жената му пришла и вербално го нападнала поради тоа што за време на неговата власт ја дозволи промената на името на нашата држава.

-Ова ќе ви го кажам како адвокат. Се смеете, се шетате слободно, а местото ви е во затвор. Набрзо ќе бидете таму. Ни ја уништивте земјата, нас нè нарековте насилници и фашисти, вие сте најголемиот фашист и предавник на оваа земја- му рекла жената на Ципрас.

Набрзо на жената ѝ рекле дека е доволно тоа што го кажала и ја замолиле да се повлече, но таа продолжила со нејзините осудувања.

На крајот луѓето успеале да ја оддалечат жената од поранешниот премиер на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот