МЕСТОТО КАДЕ КИМ ЏОНГ УН ГИ БЕСИ ПРЕДАВНИЦИТЕ: Таму гладните деца ги јадат ОБЕСЕНИТЕ ЛУЃЕ и целото тоа е морбидно

Фото: Профимедиа, илустрација

Интернетот не би бил интернет, ако не постојат луѓе со смисла за црн хумор и вишок на слободно време.
Сите ги знаеме приказните за озлогласениот Ким Џонг Ун, кој важи за суров диктатор, како и за неговите методи за казнување.

Го знаеме и тоа дека во Северна Кореја никој не е сигурен од неговите казни, па дури ниту неговото семејство и пријатели.

Но, го знаеме и тоа дека интернетот е уште посурово место од Северна Кореја, па буквално цел свет се шегува на сметка на Ким по социјалните мрежи.

Само што сега не е во прашање ниту една социјална мрежа, туку, верувале или не, Гугл Мапс.
Ако напишете на Гугл Мапс, „Пјонгјанг, Северна Кореја“ и кликнете буквално на кој било парк, музеј, ресторан, споменик, слатко ќе се насмеете.

Секако, за тоа да се случи, важно е да имате смисла за црн хумор.

Ова се само дел од коментарите кои ќе ве насмеат: „Едно од најдобрите места за бесење на сите предавници, сите можат да видат јасно како ден. По бесењето, сите гладни деца можат да ги јадат телата. Тоа е добитна комбинација за сите“, „Ми се допаѓаат отсечени глави и обесени тела. Вистинско уметничко дело. Би сакал да сум пораснат така. Убивајќи се меѓусебно… Звукот на музиката“,  „Ова ми е омилено место за врховниот лидер да ми ги отсече прстите на нозете“, „Нема ВИ-ФИ, тоа е тоа. Но би дошол повторно, Внимавајте на нагазни мини“, „Ме убија овде…убав одмор“, гласат само некои од пораките на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот