Месото е следниот производ чии цени треба да се замрзнат, вели Бранимир Јовановиќ

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт, во своето вечерашната емисија „Економски Магазин“ на „Алсат“ рече дека следни прехранбени производи чиишто цени Владата треба да ги замрзне, бидејќи, како што вели, во вредноста на потрошувачката кошничка месото учествува со високи 9 проценти.
„Месото и месните производи треба да бидат следните на ред за замрзнување. Многу е поважно тоа да се замрзне отколку тестенини, ориз и слично затоа што многу повеќе луѓето трошат на месо отколку на друго, тестенини, ориз и слично. Во потрошувачката кошница месото учествува со 9 проценти“, вели Јовановиќ.
Владата неодамна ги замрзна цените на лебот, тестенините и млекото и млечните производи, за да го запре растот на цените. Дел од владините министри отворено ги обвинија компаниите од прехранбената индустрија дека неоправдано ги поскапувале производите.